Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската православна црква-ОА апелира до граѓаните да не се палат бадникови огнови, а веќе собраните дрва да се донираат на социјално загрозените семејства.
Црквата ги повикува верниците да го почитуваат овој апел и да почне процесот на конечно прекинување на оваа традиција меѓу народот која нема верски елементи на празнување.
-Верниците од секое маало, секоја улица, секоја населба или град кои планираат да организираат коледарски оган, да не го прават тоа, туку да ги донираат дрвата. Исто така, на тој начин ќе покажеме и доволна граѓанска свест во време кога главниот град Скопје, но и другите градови се соочуваат со енормно ниво на загадување – потенцираат од МПЦ.
Исто така, МПЦ потсетува дека коледарските огнови не се традиција која е во согласност со преданието на христијанската вера, зашто во време на пост се прават забави, некаде дури и се мрси, а луѓето место во црквите на служба и молитва, се присутни околу огновите, кои се пагански, а не христијански обичај, пренесува религија.мк
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk