МПС се заблагодари за исплатата на бонус плата во МВР

12.02.2020 11:35 | KumanovoNews

Македонскиот полициски синдикат (МПС) ги известува своите членови, вработени во МВР, дека денеска околу 5000 полицајци, кои работеле 150 часа подолго од полното работно време, а во текот на годината не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден, ќе добијат бонус плата за 2019 година.

МПС се заблагодари за исплатата на бонус плата во МВР

- Како репрезентативен синдикат во рамките на МВР кој во изминатиот период преговараше со работодавецот да се започне со исплата на бонус плата, право кое е загарантирано со Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР, донесен и потпишан од МПС и МВР, сакаме да изразиме  голема благодарност до сите чинители во МВР и во МПС кои изминатиот период работеа на решавање на овој проблем и започнување на исплата, а посебна благодарност до г- дин Оливер Спасовски со кој како министер за внатрешни работи го постигнавме договорот, - информираат од МПС.

Синдикатото верува дека исплатата на бонуси ќе продолжи и во наредниот период и со тоа ќе се отстранат можностите за судко решавње на проблемот, кој државата ја чинеше многу пари, и ќе подобри статусот на вработените преку домаќинско работење и обезбедување на подобри услови за работа и матријално- технички средства за вработените.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk