МТСП:Децата во градинките ќе се згрижуваат согласно потребите на родителите

25.08.2017 14:56 | KumanovoNews

 По информациите дека во одредени детски градинки родителите се анкетираат дали нивното дете ќе престојува во прва или втора смена од 7:00 до 14:30 или од 14:30 до 21:30, од Министерството за труд и социјална политика велат дека распоредот на новото работно време е за вработените, а не за децата.

МТСП:Децата во градинките ќе се згрижуваат согласно потребите на родителите

„Наведеното работно време се однесува само на вработените во установите кои треба да ја применат одлуката на Владата, а не и на времето за престој на децата во градинки .  Децата ќе се згрижуваат во текот на денот согласно со потребите на родителите.  Двосменското работење подразбира дека опфатот и згружавањето на децата ќе биде како и до сега од 5:30 часот наутро до 22:00 часот навечер, како и во првата сабота во месецот“, - соопштуваат од МТСП.

 Од таму апелираат до вработените и директорите на детските градинки да не ги манипулираат родителите и да не ги ограничуваат со стриктно временско згрижување на децата.

„Директорите се задолжени од страна на МТСП да ја спроведат одлуката на Владата и согласно истата и потребите на родителите да го организираат работењето на установата, - велат од Министерството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk