МТСП: До крајот на годината ќе отвориме 10 сервиси за жртви од родово базирано насилство

25.11.2019 14:56 | KumanovoNews

 До крајот на годината ќе имаме вкупно 10 специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони на територијата на Скопје, Куманово, Тетово, Штип, Кавадарци, Битола Прилеп и овој во Велес, најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска при посетата на новиот Центар за жртви на семејно насилство во Велес.

МТСП: До крајот на годината ќе отвориме 10 сервиси за жртви од родово базирано насилство

Наш приоритет е да обезбедиме заштита и поддршка за секоја жена и девојка. Паралелно работиме и на превенција, бидејќи наша крајна цел е трајно да ги искорениме овие појави од општеството. Владата го усвои Националниот акциски план за имплементација на Истанбулската Конвенција за период 2018-2023. Во неговата изработка беа вклучени релевантни институции, граѓанскиот сектор, претставници од законодавниот дом и судии. Со цел усвојување на единствена правна рамка што ги уредува сите форми на родово базирано насилство се изготвува нов предлог-закон, кој ќе ги опфати сите форми на родово базирано насилство “, истакна Царовска.

  За оваа година издвоени се двојно повеќе средства, односно 6 милиони и 400 илјади денари за имплементација на Конвенцијата и отворање на сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство. До крајот на годината е предвидено отворање на кризни центри за жртви на семејно насилство во Прилеп и Штип. Во моментот во скопскиот регион има воспоставено СОС линија, кризен центар за 24-48 часа сместување, долгорочно сместување до 6 месеци во шелтер центар, психо-социјална поддршка во прв семеен центар за жртви сторители и деца и правнозајакнување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk