Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец наседнал на измама на двајца скопјани, кои му дале лажен дијамантски накит како залог додека да му вратат 800 евра, кои им ги дал на заем.
Седумдесет и тригодишен маж од Куманово вчера пријавил дека на Плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра.
Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат
парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се
вратат и ќе му ги дадат парите.
Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија. Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk