Му го одзеле мобилниот и побегнале

10.11.2015 12:48 | KumanovoNews

Синоќа околу 22 часот во населбата Карпош во Куманово, В.Н.(34) од Скопје, додека седел во своето возило по кратко време дошол С.А.(22) со кого се познавале од порано и Б.М.(21), двајцата од Куманово, и почнал да му бара пари.

Му го одзеле мобилниот и побегнале

Еден од нив физички го нападнал по што му го одзел мобилниот телефон и побегнале. Од страна на полициски службеници од кумановската полиција осомничените се пронајдени и приведени, извршен е разговор со истите и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk