Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.М.(55) од с. Горно Коњаре поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.
Пријавениот во управна постапка за издавање на дупликат возачка дозвола дал лажна изјава дека неговата возачка дозвола му е украдена со неговиот паричник од камион во Романија, при што од страна на МВР му е издадена дупликат возачка дозвола. Од преземени мерки преку МВР на Романија утврдено е дека пријавениот дал лажна изјава, односно неговата возачка дозвола е привремено одземена од страна на полицијата на Р. Романија, заради предизвикана сообраќајна незгода.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk