Му влегол во подрумот и физички го нападнал

24.08.2023 14:58 | Оливера Пешевска

Кумановец вчера пријавил во полицијата  дека во сопствениот дом му влегол крадец, кој физички го нападнал. 

Му влегол во подрумот и физички го нападнал

Тој пријавил дека на 23 август, во 23.25 часот,  во СВР Куманово,  дека во сопствениот подрум затекнал непознато лице.

„ Д.Ѓ. од Куманово пријавил дека во подрумска просторија од неговата куќа затекнал машко лице, кое со употреба на сила влегло во просторијата и притоа физички го нападнало“, соопштуваат од полицијата.

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk