Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на Слупчане пријавил во полиција дека бил претепан пред очите на неговите роднини додека бил на гости во Липково.
Инцидентот се случил вчера во 16.20 часот, додека Б.Ќ. (26) од с.Слупчане, бил заедно со негови роднини пред семејната куќа на О.М. во с.Липково, а со патничко возило и комбе дошле О.О., И.О., С.О., Ф.О. и М.О..
Од возилото излегол С.О. и без причина го нападнал удирајќи го со тупаница и клоци и го легнал на земја. Во тој момент Ф.О. извадил пиштол и му се заканил на него и на другите присутни дека ќе ги убие, по што со пиштолот го удрил во пределот на главата. Додека бил на земја И.О. со клоци го удирал по телото, по што напаѓачите со возилата заминале во непознат правец.
Од домаќините Б.Ќ. бил пренесен во Општата болница Куманово каде му била укажана лекарска помош.
СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk