Мулти-Kулти со нови проекти

11.04.2011 10:01 | KumanovoNews

 Младински центар Multi-Култи започнува со нови активности за учениците од основните и средни училишта.

Мулти-Kулти со нови проекти

Во новата сезона ќе бидат организирани курсеви за медиуми и новинарство,преку  кои учесниците ќе го истражуваат електронското-интернет новинарство и користењето на социјалните медиуми во промоција и инфомирање, театар и драма, работилница за млади активисти, креативни и уметнички работилници, пред се Уметничко цртање, изработка на накит и украсни фигури и работилници за животни вештини, краткорочни обуки за потикнување на личен развој.

Пријавуањето за учество е организирано во деновите 15, 16 и 17 Април во просториите на Мulti – Култи.

Младински Центар Multi-Култи е проект на Здружението “Центар за меѓукултурен дијалог”, реализиран со подршка на УНИЦЕФ, преку заедничката програма “Подобрување на меѓу-етнички дијалог и соработка” кој се реализира во период од 2010 до 2012 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk