Мулти култи со нови работилници за младите

22.03.2016 10:58 | KumanovoNews

Младинската организација Мулти-култи, на почетокот на наредниот месец започнува со неколку работилници и обуки за младите.

Мулти култи со нови работилници за младите

Новите програми вчера беа промовирани на Градскиот плоштад.

„Пријавувањето на кандидатите е до 25 март. Имаме 4 програми и тоа: за фотографија, уметност од рециклирачки матерјали, интерес и кариера и тетарска уметност. Сите заинтерсирани можат да се пријават, бидејќи работилниците се бесплатни. Овие работилници се наменети за средношколците, особено од 1-3 година, а интерес и кариера за 4, бидејќи нив ги засега што ќе студираат и каква професија ќе изберат“, - изјави Нами Исаки, координатор на проктот.

Проектот е на македонски и албански јазик, а финасиран е од УНДП.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk