Мургашанска: Форумот ќе го екипираме со угледни личности

14.11.2013 13:33 | KumanovoNews

Новата координаторка на Форумот на жени во СДСМ Куманово, Атина Мургашанска на денешното прво обраќање во јавноста нагласи дека ќе работи на унапредување на положбата на жената во сите сфери на општественото живеење.

Мургашанска: Форумот ќе го екипираме со угледни личности

Форумот ќе биде активен во спроведување на програмските определби на локално ниво, и афирмирање на родов концепт во политиката.

 И покрај напредокот во еднаквите можности на жените и мажите вграден во повеќе законски решенија и механизми, сведоци сме на постојано нарушување на овој принцип и непочитување на елементарните човекови права на жената. Последен пример за тоа се неуставните промени на Законот за прекинување на бременоста, со кој централата власт го ограничи, со устав загрантираното право на слободен избор за планирање на семејството. Локалниот Форум на жени ќе биде отворен за сите одговорни, перспективни личности подготвени да дадат свој придонес во процесите на еманципација на жените, но и на мажите во достигнување еднакви можности за сите - вели Муграшанска.

Локалниот Форум на жени ќе биде екипиран со угледни личности и луѓе кои придонеле резултати во својата средина.

Претседателката најави дека ќе се организираат трибини, семинари, дебати за првата на жената во семејството, работната средина, здравствената заштита и слично.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk