Мургашанска прва жена во општинското СДСМ

08.11.2013 16:29 | KumanovoNews

 Атина Мургашанска е нова координаторка на Форумот на жени на општинската организација на СДСМ – Куманово.

Мургашанска прва жена во општинското СДСМ

Чест и задоволство ми е што ја добив подршката на партиското раководство, но истовремено и голема обврска. Позицијата координатор на Форумот на жените на СДСМ за Куманово претставува предизвик за сериозен ангажман во градењето на новиот имиџ на ова тело на социјалдемократките од Куманово. Форум на жената ќе биде предводник во унапредувањето на позицијата на жената во политиката, но и во сите сфери на општеството- изјави Мургашанска.

Мургашанска доаѓа на местото на досегшната координаторка Драгица Велковска.

Мургашанска е заменик раководител на Центарот за североисточниот плански регион.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk