Мургашанска:Советот ќе биде локален дом на демократијата

09.11.2017 18:16 | KumanovoNews

Новоизбраната претседателка на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска, по завршувањето на конститувната седница истакна дека Советот на Општина Куманово во наредните 4 години ќе биде локален дом на демократијата, каде ќе носат квалитетни одлуки во интерес на граѓаните.

Мургашанска:Советот ќе биде локален дом на демократијата

„Длабоко сум убедена дека ќе имаме успешна соработка, дека ова ќе биде локален дом на демократијата, каде што со плодна конструктивна дискусија со креативни предлози, квалитетна демократска расправа ќе дојдеме до најдобри решенија во донесувањето на одлуките за кои е надлежен советот на општина Куманово.Сите овде независно од политичката и етничката определба сме со иста цел да креираме политики и да донесуваме одлуки, да работиме за подобар живот на граѓаните на општина Куманово“, -изјави Мургашанска.

Таа е посебно задоволна што првпат во историјата на политичкото организирање и делување во општина Куманово, жена е изберана за претседател на Советот, што значи родова еднаквост и еднакви можности на сите во општеството.

За Мургашанска гласаа 24 советници, а 9 беа против.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk