Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават големиот празник Курбан Бајрам.
Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран. На Бајрам се посетуваат роднините и пријателите. Со Курбан Бајрам, исто така, завршува и хаџот, аџилакот на светите места во Саудиска Арабија, поврзани со животот и служението на пророкот Мухамед.
Првиот ден на Курбан Бајраm, 12 септември е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk