Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

17.07.2015 10:33 | KumanovoNews

Муслиманските верници денеска и во наредните два дена го слават Рамазан Бајрам.

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Со тоа завршува едномесечниот пост, со кој верниците се воздржуваа од храна, вода од зора до зајдисонце. Постот претставува и воздржување од лошите мисли, духовно воздигнување на моралните и човечките вредности. Во исламската религија Рамазан е светиот месец кој е деветти во лунарната година и секоја година се поместува за 10 дена наназад.  Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување. Самиот ден кога се слави Бајрам започнува со Рамазан-Бајрамска молитва, пa се оди на гробишта да се посетат гробовите на предците и блиските. Потоа се честита празникот прво на најстарите, а потоа на останатите. Помладите секогаш одат кај постарите. За славењето на денот се приготвуваат и служат традиционалните бајрамски јадења, бајрамско месо, аландити и баклава. Празникот се слави 3 дена и за цело време се оди на честитање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk