Музејот одбележа 51 година постоење

22.12.2015 14:56 | KumanovoNews

Музеј Куманово вчера одбележа 51 година постоење и успешна работа.

Музејот одбележа 51 година постоење

По тој повод во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, синоќа беше прикажана изложбата “Современите модни трендови инспирирани од 50, 60, 70-те години на 20-от век“, проект на установата кој побуди интерес кај публиката.

Нашиот музеј е формиран на 21 декември далечната 1964 година, како самостојна установа историски музеј , а во 1979 година се преименува во Народен музеј Куманово. Нашата музејска зграда се наоѓа во некогашната вила на богатиот индустријалец од Лесковац, Живко Стоиљковиќ, која што е изградена далечната 1926 година со типичен белег на стара градска архитектура. Се наоѓа во непосредна близина на центарот на градот, во чиј двор е сместен нашиот прекрасен Лапидариум. Постојана изложбена поставка на антички камени споменици на отворен простор изграден во 1997 година. Од 27 јули 2004 година, музејот е пререгистриран како национална установа Музеј Куманово. Во своето повеќегодишно постоење, музејот се афирмира како значајна историско-културно образовна институција“-изјави Анита Цветановска, директорка на Музеј Куманово.

Музејот располага со над 6000 експонати. Составен дел на музејот е

Уметничката галерија отворена во 1967 година, Спомен куќата на херојот Х.Т.Карпош и од 2006 година на музејот му е доделен, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Во 2016 година музејот најавува реновирање на Спомен куќата на Карпош, ќе има археолошки истражувања  и ќе се концентрираат на меѓународни проекти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk