Во пожарот во Кочани загина музичарот Филип Стевановски од Куманово

16.03.2025 16:26 | KumanovoNews

Музичарот Филип Стевановски од Куманово е меѓу загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, потврдуваат негови блиски.

Во пожарот во Кочани загина музичарот Филип Стевановски од Куманово

Тој бил член на бендот „ДНК“, на чиј концерт се случи трагичниот настан.

Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, од 24 јануари и директор на Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Тој беше и уметнички директор на Џез фестивалот во Куманово.

Своето музичко образование Стевановски, како пијанист и тромбонист го стекнал во Македонија, а неколку години се доусовршувал и во САД. Завршил два факултета, џез и класична музика и  беше магистер по џез студии.

МВР информираше дека во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинале 59 лица, од Кочани, Штип, Пробиштип и Скопје. За сега е потврдена смртта на уште еден член на бендот- Горги Георгиев од Струмица. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk