Филип Стевановски денеска ќе биде погребан во Штип

20.03.2025 09:33 | KumanovoNews

Музичарот Филип Стевановски од Куманово ќе биде погребан денеска, во 11.30 часот на Градските гробишта во Штип.

Филип Стевановски денеска ќе биде погребан во Штип

„Со голема тага, болка и жал ве известуваме дека посмртните останки на нашиот Филип ќе бидат изложени  од 9 до 11 часот во црквата Св. Богородица во Ново Село, а погребот ќе биде во 11.30 часот на Градските гробишта во Штип. Нашиот еден и единствен, нашата инспирациија, љубов и непроценливо богатство, однесе со себе и дел од нас. Вечна љубов до тебе Филе . Ни остави длабока празнина во нашите срца и души, голема болка што те загубивме, неизмерна тага и непребол. Но, таму каде што замина во небесното царство: организирај, свири, компонирај, смеј се на ангелите... , напишаа членови на семејството на социјалните мрежи.

Филип Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, од 24 јануари и директор на Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Тој беше и уметнички директор на Џез фестивалот во Куманово.

На Градските гробишта во Штип ќе бидат погребани и неговите колеги од бендот ДНК- гитаристот Александар Коларов, и фотографот Александар Ефремов, како и Дамјан Таневски и Филип Ивановски кои биле во публика. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk