МВР:Акцијата во Тоде Мендол основана и оправдана

09.06.2015 13:48 | KumanovoNews

Акцијата на полицијата во населбата Тоде Мендол во Куманово,  била извршена според утврден план, а преземените дејства се основани, оправдани и правилни, стои во соопштение објавено на сајтот на МВР.

МВР:Акцијата во Тоде Мендол основана и оправдана

Приведувањето на лицата во акцијата било согласно законските прописи, утврдил Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.  

За бегството на еден од приведените терористи, констатирано е дека се работи за  непрофесионалност на полициските службеници кои го чувале. За нив најавено е покренување на дисциплински постапки.

Секторот за внатрешна контрола  оценил дека постапувањето на полициските службеници од посебните единици била нужна и неопходна употребата на средствата за присилба-огнено оружје, како единствена законска мерка кон криминално-терористичката група, кога сите други законски основи биле исцрпени.

По однос на увидот во постапките за задржени лица во три полициски станици при СВР Скопје, констатирано е дека целокупната постапка на лишување од слобода и задржување на лицата поради постоење основано сомнение за сторен кривично дело по член 313 од КЗ на РМ, е спроведена согласно Законот за кривична постапка и согласно Законот за полиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk