Граѓаните и фирмите да не наседнуваат на измами со лажни покани и непроверени електронски пораки, апелира МВР

02.07.2024 12:50 | KumanovoNews

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека  до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

Граѓаните и фирмите да не наседнуваат на измами со лажни покани и непроверени електронски пораки, апелира МВР

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал  при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.

„Секторот за компјутерски криминал  апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk