Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поранешниот директор на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски, денеска околу 14 часот е уапсен од полицијата додека седел во кафе бар, кај спортската сала во Куманово.
Според информации од портпаролот на МВР Иво Котевски, Божиновски е приведен заради кривично дело противправно посредување. Акцијата ја спровеле припадниците на Оделот за организиран криминал од Скопје, а Божиновски е уапсен во моментот додека примал обележени банкноти. Во тек е претрес на повеќе објекти. Во текот на денот приведениот ќе биде изведен пред јавниот обвинител.
Од МВР најавија повеќе информации во текот на утрешниот ден.
Виктор Божиновски откако беше сменет од директорската позиција, работи како раководител на правниот сектор во Општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk