МВР демантира дека е потпишан договор за технички преглед на возилата во „Пин петрол“

28.12.2019 15:15 | KumanovoNews

Министерството за внатрешни работи демантира дека е потпишан договор за услуги за технички преглед на моторни возила во Куманово со фирмата „Пин Петрол“. Во тек е постапка за јавна набавка, но договор не е склучен, тврдат од МВР.

МВР демантира дека е потпишан договор за технички преглед на возилата во „Пин петрол“

„Најостро ги демантираме и лагите и манипулациите кои ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги пласира околу наводно сопствеништво на министерот Спасовски во оваа компанија. Ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема удел во било која компанија ниту во државата ниту надвор од државата, ниту денеска ниту во минатото. По серијата лаги пласирани од оваа партија, во август оваа година министерот Спасовски  поднесе барање до Антикорупциската комисија и јавно ја повика да се испита целиот случај и да се утврдат аргументите затоа што не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста и да се изнесуваат лаги. Фактите се јасни, а тие говорат дека ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и ја манипулира јавноста“, - соопштуваат од МВР.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk