Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Девет приведени, тројца повредени и два скршени автомобили е билансот од синоќешниот инцидент во спортската сала Куманово, за време на одржување на кошаркарскиот натпревар Куманово-МЗТ.
Според извештајот на МВР, приведени се 9 навивачи, од кои на шест им се изречени прекршочни парични казни, а за три малолетни лица постапката е во тек.
Тројца полицајци се поврдени додека интервенирале пред салата, кога навивачите фрлале камења и скршиле неколку стакла и два автомобили.
Инцидентот започнал околу 20.30 часот, кога публиката почнала да фрла тврди предмети и недолично да се однесува кон гостинските играчи. Тогаш било побарано мечот да се прекине, а салата да се испразни од публика за да продолжи натпреварот.
Од страна на организаторот на разглас било побарано навивачите мирно да ја напуштат салата, меѓутоа тие почнале уште посилно да скандираат дека не сакаат да излезат, продолжувајќи со палење бакли и со фрлање на разни предмети кон теренот и полицијата. При тоа од страна на Единицата за брзо распоредување е пристапено кон празнење на салата и потиснување на навивачите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk