Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратеникот Максим Димитриевски од СДСМ ќе добие соодветен поднесок затоа што ноќеска нападнал момче во ресторанот „Палас“ во Куманово, соопшти МВР.
Инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ, кога В.А физички бил нападнат од М.Д. од Куманово, кој во два наврати му удрил тупаници во пределот на лицето, при што му нанел видливи повреди, стои во полицискиот билтен.
Настанот бил пријавен, при што полициски службеници од СВР Куманово излегле на лице место и констатирале дека момчето со своите пријатели во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна. По кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша што станало. Тогаш му се приближил М.Д кој исто така бил на семејна прослава и во присуство на повеќе гости го удрил два пати во пределот на лицето. Нападот го потврдиле гости- сведоци на кафаната. Пријавениот настан е расчистен и против М.Д ќе биде поднесен соодветен поднесок, известуваат од МВР.
Утринава Димитриевски тврдеше дека тој бил нападнат од полицајци, кои во алкохолизирана состојба сакале да се пресметаат со него, додека го славел роденденот на сопругата во една кумановска кафеана.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk