МВР ги повика граѓаните анонимно да пријават журки и прослави за божиќните празници

04.01.2021 19:10 | KumanovoNews

МВР ги повикува граѓаните анонимно да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници на бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса [email protected].

МВР ги повика граѓаните анонимно да пријават журки и прослави за божиќните празници

Имено, граѓаните можат да се јават и анонимно да пријават (локација) на која забележале  недозволено собирање на луѓе, спротивно на мерките пропишани за справување со пандемијата.

„Полицијата, исто како и за време на новогодишните празници, ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести односно одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија“, - соопштува МВР.

МВР ценејќи ја заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје, повторно смета на партнерската улога која ја имаат граѓаните со полицијата и уште еднаш упатува апел до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk