Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот со насилство во Куманово, кое се гледа на видео снимката која денеска беше споделена на социјалните мрежи.
„За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информира МВР.
Денеска на социјалните мрежи беше споделена видео снимка под наслов „Кумановски тепач“, на која се гледа како момче удира и се расправа со девојка, а потоа доаѓа друго момче кое се пресметува со него.
Тепачката била снимена од граѓани и споделена на социјалните мрежи, а се случи зад Центарот за култура во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk