МВР ќе трага по 60-годишната жена што исчезна откако и изгоре куќата во Челопек

06.08.2021 20:27 | Сузана Николиќ

Не се најдени траги од починато лице во куќата што изгоре во селото Челопек, Општина Старо Нагоричане, во која се претпоставуваше дека останала 60-годишната жена.

МВР ќе трага по 60-годишната жена што исчезна откако и изгоре куќата во Челопек

„Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапува по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршија детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги“, велат од МВР.

На вчерашната прес-конференција и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов кажа дека починала жена во пожарот во Старо Нагоричане и изрази сочуство за семејството.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk