МВР најави засилени контроли и казни за несовесните возачи

29.01.2018 14:51 | KumanovoNews

Министерството за внатрешни работи најави засилени контроли и казни за непрописно паркираните возила.

МВР најави засилени контроли и казни за несовесните возачи

Од МВР велат дека во Скопје, но и другите градови низ земјава била констатирана недисциплина и непочитување на сообраќајни правила и прописи и затоа во наредниот период ќе се преземат мерки за санкционирање.

„Ги информираме граѓаните дека во наредниот период најстрого ќе бидат санкционирани особено сообраќајни прекршоци кои се причина за сообраќајни несреќи со тешки последици, возење под дејство на алкохол или со голема брзина. Ќе биде засилено присуството на сообраќајната полиција и возилото пајак низ улиците со цел овозможување проточност на сообраќај и ќе бидат санкционирани неправилно паркирани возила“,-најавија од МВР.

Покрај за брзо возење и неправилно паркирање ќе казнуваат и за употреба т.н. флешери чија употреба е незаконска, а се почесто се поставуваат на возилата.

Низ Куманово секој паркира кај ќе стигне. Улиците, тротоарите, и секоја зелена површина е окупирана со возила, за да се избегне плаќањето на паркинг место.

Од почетокот на годината до денеска седум лица го изгубиле животот во сообраќајни незгоди во Република Македонија. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk