МВР не знаело за претресот во куќата на началникот

14.12.2016 15:58 | KumanovoNews

МВР денеска соопшти дека претресот на домот на началникот на кумановската полиција се одвивала без знаење на МВР.

МВР не знаело за претресот во куќата на началникот

Министертвото за внатрешни работи денеска соопшти дека акцијата во која е извршен претрес на домот на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ се одвивала по наредба на судија во претходна постапка организирана е и спроведена од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на предистражната постапка, без информирање и планирање од страна на Министертвото за внатрешни работи.

Од Министерството за внатрешни работи укажуваат дека сите вработени во овој државен орган, треба да го задржат нивото на максимално професионално постапување и однесување со цел да се избегнат  ситуации кои може да предизвикуваат дополнителни тензии и да наштетат на  на угледот на министерството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk