МВР:Немилиот настан да не се користи за меѓуетнички тензии

04.07.2016 15:22 | KumanovoNews

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, немилиот настани од минатата сабота, кога 4 годишно дете беше прегазено, да не се користи за предизвикување на меѓуетнички тензии.

МВР:Немилиот настан да не се користи за меѓуетнички тензии

Во соопштението на МВР се вели дека тие веднаш по добивањето на пријавата, во содејство со ОЈО Куманово извршиле увид на местото на настанот и ги преземале сите потребни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

На 25 минатиот месец на ул „Борис Кидрич“ во Куманово, по претходна расправија Б.И.(30) управувајќи ПМВ „Мерцедес Ц200“ заедно со сопатниците неговиот брат Б.И.(23) и Т.Д., со предниот десен дел од возилото намерно ги удрил С.А.(36) од Куманово, неговата сопруга М.К.(36) и нивниот 4 годишен син.  Детето со тешки телесни повреди било префрлено на Детска хиругија при Државна болница, а на 01.07. им подлегна на повредите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk