Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
МВР потврди дека исчезнатиот Б.И.(31) од Куманово е пронајден мртов во бунарот покрај црквата „Света Мина“ во Куманово.
Во вторникот во 20.05 часот во СВР Куманово, Ф.Д.(29) од Куманово пријавил дека до бунарот кој бил во близина на црквата Света Мина, имало траги од стапала и траги од крв. Увидна екипа од СВР-Куманово излегле на местото на настанот, при што околу бунарот пронајдени биле траги слични на крв, а до бунарот пронајдена била една испукана чаура од непознат калибар, а додека во неговата внатрешност бил пронајден непознат машки труп кој бил изваден од бунарот. Утврдено било дека се работи за Б.И.(31) од Куманово кој во пределот на лицето имал рана најверојатно направена од огнено оружје. На 26.06.2016 година во СВР-Куманово истиот бил пријавен за исчезнат, односно од 02.15 часот на 26.06.2016 година не се вратил дома. По наредба од ЈО телото е пренесено во институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk