МВР со детали за страотната сообраќајка во која загина 21-годишно момче

29.02.2020 18:52 | KumanovoNews

 М.С. (21) од Куманово е момчето, коешто утринава го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во центарот на Куманово.  Д.В.(21) е тешко повреден и префрлен на лекување на Скопските клиники.

МВР со детали за страотната сообраќајка во која загина 21-годишно момче

Како што информира МВР, несреќата се случила во 06,30 часот, кога било пријавено дека во Куманово на ул.„Октомвриска револуција“, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столб.

Во возилото биле Д.В.(21) и М.С.(21) двајцата од Куманово, кои се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово. Од страна на лекар кај М.С. констатирана била смрт, а Д.В. бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk