МВР со детали за вчерашната несреќа- Детето се качило на кровот на „Житомел“ да се фотографира

09.02.2020 10:05 | KumanovoNews

Момчето кое вчера падна од пети кат на поранешната фабрика „Житомел“, таму заминало  со своите другари за да се фотографира, соопштува полицијата.

МВР со детали за вчерашната несреќа- Детето се качило на кровот на „Житомел“ да се фотографира

Вчера во 15 часот во СВР Куманово од Ургентниот центар Куманово било пријавено дека од ул.„Тодор Велков“, било донесено дете со повреди од пад.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека истиот ден околу 14,30 часот, шест малолетници заминале во зградата на поранешен „Житомел” со цел да се фотографираат.

Потоа сите се качиле на петтиот кат од објектот, во делот силоси за жито, по што еден од нив на возраст од 14 години движејќи се наназад, не забележал дека на подот има отвор од силос, и пропаднал внатре во отворот, паѓајќи до приземната просторија.

Детето се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk