МВР со детали за вчерашната сообраќајка кај Романовце

23.12.2019 09:46 | KumanovoNews

Четиригодишно дете од селото Матејче загина вчера во сообраќајната несреќа на локалниот пат Куманово- Романовце.

МВР со детали за вчерашната сообраќајка кај Романовце

Според МВР, несреќата се случила во 14.15 часот помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(29) од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Р. од с.Матејче, општина Липково.

„Во незгодата, на местото на несреќата починал четиригодишник  од с.Матејче, сопатник во возилото што го управувал И.Р. Смртта на детето ја констатирал лекар од Итна медицинска помош,“ - соопштуваат од полицијата.

Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Љ.Ш., сопатничка на И.Р.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk