Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
МВР вечерва излезе со официјално соопштение за денешниот инцидент, кога неколку лица го извадија македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово градот и поставија албанско знаме.
Според МВР инцидентот се случил во 15.55 часот, кога полициски службеници од СВР Куманово забележале неколку лица како го симнуваат државното знаме на Република Македонија од јарболот на ул.Гоце Делчев и поставуваат знаме на Република Албанија.
Кога се обиделе да ги легитимираат биле нападнати и спречени да ги извршат службените дејствија, а се здобиле и со повреди по телото. Две од четирите лица побегнале, додека Л.С.(16) и Љ.К.(21) двајцата од с.Слупчане, општина Липково, се приведени во полициската станица во СВР Куманово.
За инцидентот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Куманово по чие овластување од страна на увидна екипа од СВР Куманово е излезено на лице место и е извршен увид на местото на настанот.
СВР Куманово превзема мерки за расчистување на настанот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk