Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за внатрешни работи информира дека во пресрет на претстојните Велигденски празници ќе превземе низа безбедносни мерки и активности, поради заканите од терористички напади на верски објекти.
„Со оглед на глобалните терористички закани во кои што цели се и верски објекти (како што беа неодамнешните напади во Египет), потоа таргетирањето на земјите од Балканот, меѓу кои и Република Македонија, а вклучително и масовните собирања на граѓани, од страна на терористичката ИСИЛ, МВР ќе ги зајакне безбедносните мерки и активности во наредните денови на целата територија на државата, - стои во соопштението на МВР.
Мерките ќе бидат преземени согласно сoодветните оперативни планови за работа, за непречено одвивање на истите, како и во насока на заштита на јавниот ред и мир, и безбедноста на објектите и на граѓаните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk