МВР започна акција „Слави со срце, не со оружје“

17.12.2016 12:30 | KumanovoNews

 Националната комисија за мало и лесно оружје во соработка со Министерството за внатрешни работи и УНДП, во рамки на Националната стратегија и Акциониот план, во периодот од 15. декември до 15. јануари наредната година ќе спроведе превентивна акција „Слави со срце, не со оружје“.

МВР започна акција „Слави со срце, не со оружје“

Акцијата, која ќе се спроведе на целата територија на Република Македонија во пресрет и за време на Новогодишните и Божиќните празници, има за цел да ја зголеми свеста кај граѓаните за некористење на оружје за време на претстојните прослави. Идејата е кампањата да допре до секој граѓанин со предупредување за опасноста од користење на оружје.

Во рамки на превентивната акција, на официјалната Facebook страна на Националната комисија за мало и лесно оружје, ќе бидат поставени рекламни материјали со хаштаг „КОЈГОУБИДЕДОМРАЗ“. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk