Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните.
Од Министерството за здравство (МЗ)соопштуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
„На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 638.428 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.275 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.134.231 дози вакцини, а ревакцинирани се 495.803 граѓани“, соопштува МЗ.
Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 63% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
„Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата“, додаваат.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk