На 1 април ќе почне да се гради канализација во Гладно поле

18.03.2016 13:40 | KumanovoNews

 На почетокот на наредниот месец ќе започне изградбата на канализационата мрежа во населбата Гладно поле, како дел од ИПА проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во Куманово“ што го доби ЈП „Водовод„ и Општината Куманово.

На 1 април ќе почне да се гради канализација во Гладно поле

„Приоритет е даден во населбата Гладно поле, каде канализационата мрежа ќе биде во должина од 4,3 километри. Избрана е фирма изведувач, тоа е „Жикол„ од Струмица, се чека да се одреди надзор. Според нивните проценки работата ќе започне од први април, кога ќе дозволат и временските услови,- изјави Горан Стојковски директор на ЈП „Водовод„.

Проектот предвидува рехабилитација на 26 километри канализациона мрежа во градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk