На 1 Mај пикник на Студена Вода

29.04.2011 13:40 | KumanovoNews

 На 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, Асоцијацијата на навладини организации на Куманово за граѓаните го организира традиционалниот првомајски пикник на Студена вода во Доброшане.

На 1 Mај пикник на Студена Вода

Организациониот одбор на пикникот се погрижи на граѓаните да им обезбеди пријатен еднодневен претстој во природата со богата содржина  од настапи на неколку културно-уметнички друштва и интерпретатори на народна и забавна музика, како и натпревар во традиционални кумановски игри- вели претседателот Киро Соларски.

За граѓаните обезбеден е бесплатен превоз до Студена вода и враќање со автобуси. Се тргнува од пред зградата на поранешниот општински комитет и од пред кафеаната ,,Чаки‘‘ на ,,Октомвриска револуција‘‘ во 10,30 часот. Враќањето е во 16,30 часот.Првомајската прослава ја помогна локалната самоуправа.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk