Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на просветни работници Куманово во соработка со локалната самоуправа, наредната недела ќе ги прогласи учениците на генерација од основните и средни училишта во градот.
Свеченоста се организира по повод Денот на просветните работници 24 Мај - и Денот на словенските просветители Кирил и Методи.
- Од основните и средните училишта имаме 28 ученици на генерација кои ќе добијат дипломи. Претходно се прогласени од нивните училишта за најдобри и тоа се ученици од Општина Куманово и од 3 основни училишта од Општина Старо Нагоричане кои се наши членови,- изјави Лидија Николовска Ѓорѓиевска, претседател на Здружение на просветни работници Куманово.
Од здружението на сите просветни работници им го честитаат Св.Кирил и Методи, им посакуваат успех и потенцираат дека тие имаат многу големо влијание во воспитувањето и образувањето на идните генерации.
(фото архива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk