Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Казна затвор во траење од 7,5 години е осуден кумановецот Н.С., возачот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина кумановка Јелена Филиповиќ.
Тој е осуден за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици. Изрекувањето на пресудата уследи откако момчето на претходното рочиште ја призна вината.
„По предметот за Јелена Филиповиќ Судот обвинетиот го огласи за виновен и му определи казна ефективен затвор во траење од 7 години и 6 месеци. Воедно судот му изрече и забрана за управување со моторно возило во траење од 5 години. По предлог на јавниот обвинител, судот донесе решение за замена на мерката куќен притвор со затворски притвор“, информираше Коалицијата „Сите за правично судење“.
Сообраќајката во која загина Јелена се случи минатата година на крстосницата на локалните патишта за селата Миладиновци и Бујковци.
Според МВР, автомобилот со кој управувал осудениот излетал од патот, при што на местото на несреќата починала 17-годишната девојка која била сопатничка во возилото. Со тешки телесни повреди се здобил дваесетгодишниот возач Н.С., а беше повредена е и 19-годишната Т.П..
Пред еден месец гробот на Јелена беше осквернавен од затвореници кои барале злато. Мајката на Јелена обвини дека еден ден пред тоа добила закани од истите лица, а случаот го пријавила во полиција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk