На Ана и треба наша помош за да го продолжи лекувањето во Турција

26.04.2023 08:26 | Сузана Николиќ

Ана Аргировска (9) од Куманово од самото раѓање боледува од ретка и тешка болест - Diamond Blackfan anemia.

На Ана и треба наша помош за да го продолжи лекувањето во Турција

Таа веќе 6 месеци е на  лекување во Турција, каде што и е направена трансплантација на коскената срцевина.  Меѓутоа поради компликации кои настанале по операцијата,  нејзиното лекување е продолжено и отежнато.  Тоа бара дополнителни трошоци за сложениот третман. 

Семејството не е во можност само да се справи со финасиските проблеми и да ги покрие новонастанатите издатоци, поради тоа бара помош од сите хуманите граѓани и општествено одговорни компании.  

Сите кои што сакаат да помогнат тоа можат да го сторат на телефонските броеви:

ТЕЛЕКОМ 143 138

А1 143 485

Или на жито сметките: 

Хуманитарна сметка:                       
300-0910000019-86                        
Ана Аргировска
Комерцијална Банка
Куманово
 
Девизна сметка:
Acc.N. 02-307-0680850.2
IBAN:MK07300307068085053
Swift:KOBSMK2X
Александар Аргировски

Да и помогнеме на Ана да ја продолжи борбата и да овозможиме да добие шанса за безгрижно и весело детство, како што заслужува секое дете.

 Да донираме за насмевката на Ана да продолжи да го краси овој свет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk