Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Притоа санкционирани се 96 возачи. Од нив, 21 санкција за возење со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца возачи се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk