На дел од улицата 11 Октомври се вози само дење

17.05.2015 08:52 | KumanovoNews

Улицата „ 11 Октомври„, од Градската џамија до раскрсницата со улицата Гоце Делчев, за сообраќај е отворена дење, а ноќе е блокирана од полициски возила.

На дел од улицата 11 Октомври се вози само дење

Таков беше режимот на сообраќај вчера, а неофицијално, така ќе остане и во наредните денови. Присуството на полицијата е заради обезбедување на виталните локални и државни институции, кои се наоѓаат во центарот на градот.

Специјалните полициски единици и возила целосно ги блокираа двете раскрсници, во петокот по полноќ, од безбедносни причини, по минатонеделната вооружена пресметка во населбата Тоде Мендол.

Улицата Тодор Велков, од Музичкото училиште до Центарот за социјални работи, е блокирана од минатат недела и таму може да се помине само пеш.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk