На граничните премини се чека до 30 минути

07.08.2017 08:10 | KumanovoNews

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини се чека до 30 минути

На граничните премини за излез и влез од државата се чека од 15 до 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Според АМСМ, на регионалниот пат Р106, патен правец Градско - Прилеп од 28 до 45 км, од 03.08.2017 до 12.08.2017 ќе има градежни активности - замена на еластична ограда. Се препорачува на учесниците во сообраќајот да ја почитуват поставената сигнализација за работа на пат и внимателно да управуват со своите возила.

 Од 01.07.2017 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk