На Кокино ќе се организира музички фестивал

30.10.2014 09:22 | KumanovoNews

На опсерваторијата Кокино следното лето ќе се организира музички фестивал, најави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, при вчерашната посета на кумановско.

На Кокино ќе се организира музички фестивал

Манифестацијата ќе се одржи на 21 јуни и на него ќе учествуваат гости од странство.

“Концертот ќе ја означува таа рамноденица, која ја одбележуваме на 21 јуни со почетокот на летниот период. Ова е многу важен проект. Министерството за култура, поточно меѓународниот сектор работи интензивно. Тука ќе бидат вклучени голем број на држави. Со сите пропратни содржини кои што ќе ги поставиме на овој локалитет мислам дека ќе биде навистина една туристичка атракција и ќе привлече што поголем број на туристи“ - изјави Канческа Милевска.

Во меѓувреме на Кокино се поставени пет информативни табли на македонски и англиски јазик со помош на кои туристите ќе можат полесно да се ориентираат и информираат за важноста на опсерваторијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk