На кумановец му пукале во прозорец

18.04.2015 12:28 | KumanovoNews

Кумановец синоќа пријавил во полиција дека било пукано во прозорецот од неговата семејна куќа од балконот на првиот сосед.

На кумановец му пукале во прозорец

А.С.(37) додека бил дома, слушнал силен звук, по што на конструкцијата на прозорецот од балконот забележал дупка со заостанат проектил, а во соседната куќа сопственост на О.С.(42) имало неколку лица на терасата. Тие откако го виделе соседот побегнале во куќата.

 По извршениот разговор, О.С. изјавил дека во тој период не бил дома, а неговиот малолетен син ги довел другарите во неговата куќа. О.С. со потврда имал воздушна пушка, која ја чувал во просториите од куќата, но неговиот син не ја употребил бидејќи не знаел да ракува со неа. Не е исклучена можноста пушката да ја употребил некој од другарите на син му.

По консултации со Јавното обвинителство, пушката е привремено одземена и се работи на расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk