На Куманово ќе му го вратиме реномето на чевларски град, вети Илиевски

13.10.2021 14:21 | Сузана Николиќ

Кандидатот за градоначалник на Куманово Оливер Илиевски заедно со носителката на листата советници Атина Мургашанска од коалицијата на СДСМ, денеска посетија неколку погони за производство на чевли, при што пред работниците и сопствениците ги презентираа мерките коишто ќе ги преземат за унапредување на од чевларскиот сектор во градот.

На Куманово ќе му го вратиме реномето на чевларски град, вети Илиевски

„Неопходно е да го вратиме ренемето на Куманово како чевларски град, со тоа што ќе создадеме подобри услови и поволен амбиент за работа. Да ги задржиме сите работни места, да овозможиме повисоки плати, како и да обезбедиме соодветен транспорт на работниците во лонг производството. Да создадеме кумановски бренд, конкурентен на меѓународните пазари- Куманово како чевларски град го заслужува тоа“ рече Илиевски.

Тој истакна дека во соработка со Владата, со конкретни мерки, фирмите потребно е да бидат соодветно субвенционирани, со што ќе се придонесе за една успешна бизнис приказна во Куманово и унапреден локален економски развој.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk